Sunday, September 25, 2011

STARATA CARSIJA VO SKOPJE

 STARIOT KAMENI MOST I KEJOT NA VARDAR
 SOBORNIOT HRAM VO SKOPJE
 KANJON MATKA
 KAMENI MOST
 REKATA VARDAR
TVRDINATA KALE

2 comments:

  1. Туристички локации



    Камениот мост навечер


    Влезот на Старата скопска чаршија


    Тврдината Кале


    Соборниот храм
    Места од интерес за туристички разгледувања се:
    Камениот мост, на реката Вардар кој е симбол на Скопје. Бил изграден во 15-тиот век и бидејќи е во централниот дел на градот, тој преставува врска помеѓу новиот и стариот дел.
    Тврдината Кале. Првите ѕидини биле изградени на истото место, во почетокот на 6-ти век. Калето доминира над левиот брег на реката Вардар со поглед на стариот дел на Скопје.
    Православната црква Св. Спас, во стариот дел од градот била изградена во 19-тиот век. Иконостасот содржи прекрасни дрвени резби, изрезбани од мијачките резбари Петре и Марко Филиповски и Макарие Фрчковски. Во дворот на црквата се наоѓа гробот на најголемиот македонски револуционер на 20-тиот век - Гоце Делчев.
    Старата турска чаршија, каде има стари занаети, Безистенот, Чивте-амам и други објекти.
    Мустафа-пашината џамија, изградена во 1492 година е еден од најубавите градби од Отоманскиот период на Скопје.
    Јахја-пашина џамија во близината на центарот на Скопје.
    Даут-пашината бања изградена во 15-тиот век како јавна бања. Се наоѓа на влезот на старата скопска чаршија и од 1948 година е адаптирана во уметничка галерија.
    Феудалната кула крај Домот на АРМ.
    Саат-кула во непосредна близина на Султан-муратовата џамија.
    Соборниот храм Св. Климент Охридски. Таа се наоѓа во центарот на градот на десната страна на реката Вардар. Соборниот храм беше осветен во 1990 година.
    Старата железничка станица, завршена во 1940/41 година. Своевремено една од најубавите железнички станици на Балканот. Часовникот на предната страна е застанат на 5:17 минути изутрина, моментот кога Скопје го погоди катастрофален земјотрес. Сега во зградата се наоѓа Музејот на град Скопје.
    Музејот на современа уметност, се наоѓа на тврдината Кале.
    Милениумскиот крст, се наоѓа на врвот на планината Водно непосредно над градот. Крстот е направен од челик со висина од 67 м и распон на краците од 46 m. Подигнат е по повод 2000-годишнината од раѓањето на христијанството.
    Местото на родната куќа на познатот светски хуманитарец, Мајка Тереза близу поштадот „Македонија“.
    Во близина на градот Скопје, покрај патот Скопје-Качани се наоѓа стар Аквадукт изграден од камен и тули со 55 лакови што се потпираат на масивни столбови. Тој служел за донесување вода до античкиот град скупи кој се наоѓа во непосредна близина до Скопје.
    Улицата Македонија која е со прекрасна архитектура и каде што се наоѓа феудралната кула која Што денес е музеј.
    Градскиот ѕид кој е изграден после земјотресот во 1963 и кој е проектиран од познатиот Јапонски архитект Кензо Танге. Тој го обиколува центарот на градот од десната страна на реката Вардар.Кензо Танге истотака проектирал уште многу други градби кои не се реализирале.
    Куршумли ан датира од 16 век и се наоѓа во старата чаршија. Тоа е еден од најубавите локалитети во Скопје. Курсумли ан во минатото се користел како бања каде сто се бањале голем дел од населението.
    [уреди]Скопски земјотреси

    ReplyDelete
  2. Име

    Градот Скопје во текот на своето постоење во зависност од историските прилики бил именуван со различни имиња. Античкото име е Скупи (латниски: Scupi).
    Името на градот Скопје има различна транскрипција на различни јазици и култури. Градот е познат како Shkupi на албански, Скопље на српски, Scupi на латински, Скопье на руски, Σκόπια на грчки, Scoplie на романски јазик, Üsküp на турски.

    Во византиските документи градот е забележан како Скопија, а Словените го означувале и како Скопiе, Скопје, Скопље. За време на владеењето на цар Самоил, Скопје станува дел од Самоиловото царство. Во подоцнешниот период градот подпаѓа под власт на Византија, Бугарија и Србија, а на 19 јануари 1392 градот го зазеле Османлиите и го добил името Ускуп (Üsküp).

    ReplyDelete