Sunday, September 25, 2011

SKOPJE E MOJ GRAD




IZLETNICKO MESTO MATKA


TONI ZEN - SKOPJE E MOJ GRAD
SLIKI OD STARO SKOPJE



2 comments:

  1. Скопје е главниот и најголемиот град во Македонија, а воедно претставува административно политички, стопански, културен и образовно-научен центар. Се наоѓа во средишниот дел на Балканскиот Полуостров распространет на бреговите на реката Вардар.

    ReplyDelete
  2. Места од интерес за туристички разгледувања се:
    Камениот мост, на реката Вардар кој е симбол на Скопје. Бил изграден во 15-тиот век и бидејќи е во централниот дел на градот, тој преставува врска помеѓу новиот и стариот дел.
    Тврдината Кале. Првите ѕидини биле изградени на истото место, во почетокот на 6-ти век. Калето доминира над левиот брег на реката Вардар со поглед на стариот дел на Скопје.
    Православната црква Св. Спас, во стариот дел од градот била изградена во 19-тиот век. Иконостасот содржи прекрасни дрвени резби, изрезбани од мијачките резбари Петре и Марко Филиповски и Макарие Фрчковски. Во дворот на црквата се наоѓа гробот на најголемиот македонски револуционер на 20-тиот век - Гоце Делчев.
    Старата турска чаршија, каде има стари занаети, Безистенот, Чивте-амам и други објекти.
    Мустафа-пашината џамија, изградена во 1492 година е еден од најубавите градби од Отоманскиот период на Скопје.
    Јахја-пашина џамија во близината на центарот на Скопје.
    Даут-пашината бања изградена во 15-тиот век како јавна бања. Се наоѓа на влезот на старата скопска чаршија и од 1948 година е адаптирана во уметничка галерија.
    Феудалната кула крај Домот на АРМ.
    Саат-кула во непосредна близина на Султан-муратовата џамија.
    Соборниот храм Св. Климент Охридски. Таа се наоѓа во центарот на градот на десната страна на реката Вардар. Соборниот храм беше осветен во 1990 година.
    Старата железничка станица, завршена во 1940/41 година. Своевремено една од најубавите железнички станици на Балканот. Часовникот на предната страна е застанат на 5:17 минути изутрина, моментот кога Скопје го погоди катастрофален земјотрес. Сега во зградата се наоѓа Музејот на град Скопје.
    Музејот на современа уметност, се наоѓа на тврдината Кале.
    Милениумскиот крст, се наоѓа на врвот на планината Водно непосредно над градот. Крстот е направен од челик со висина од 67 м и распон на краците од 46 m. Подигнат е по повод 2000-годишнината од раѓањето на христијанството.

    ReplyDelete